Facebook додава препознавање на лице во Messenger

- Advertisement -


Поради дополнителна безбедност на корисниците Facebook ќе воведе Face ID во апликацијата Messenger. Девелоперката Џејн Манчун Вонг откри докази за воведување на опцијата Face ID во кодот на апликацијата Facebook Messenger, која веројатно фунцкионуира на ист начин како и биометриското отклучување, кое е достапно на WhatsApp.

Со помош на новата опција корисниците ќе можат да го отклучуваат системот преку автентикација со препознавање лице на посебен екран, каде што ќе го изверат и времето за заклучување на апликацијата – од 1 минута, 15 минути или 1 час по напуштањето на Messenger.

- Advertisement -

Вонг вели дека Face ID нема да биде зачуван на Facebook, што значи дека најголемата социјална мрежа во светот нема да ги чува лицата на корисниците на своите сервери. Засега не е познато кога Facebook официјално ќе ја претстави новата опција за Messenger.

Сподели!
- Advertisement -