Airbnb ве носи два месеци бесплатно на Бахамите

- Advertisement -

Arbnb е во потрага по пет лица кои се подготвени да остават сè што прават во моментов и да тргнат на бесплатно двомесечно патување на Бахамите за да помогнат во еколошките проекти на Карибите. Избраните кандидати ќе ги поминат арпил и мај на три локации на Бахамите каде ќе помогнат во зачувувањето на природните и културните ресурси на земјата.

Најновата програма на Airbnb развиена во партнерство со Bahams National Trust, локална непрофитна организација која под своја закрила има 32 национални паркови во земјата, ви овозможува двомесечна авантура на најубавите острови во светот!

- Advertisement -

За да учествуваат во програмата, апликантите мора да покажат “желба и мотивација да придонесат и да учествуваат во животот на островот“ велат од компанијата.

Тие што ќе бидат избрани да учествуваат во проектот, ќе патуваат на островот Андрос кој е дом на третиот најголем систем на гребени во светот, каде што ќе помогнат во создавање на програма за реставрација на коралните гребени.

- Advertisement -

Тие, исто така, ќе поминат одредено време работејќи на конзервација на загрозени видови во Ексума и помагајќи на еколошки и истражувачки проекти во Елеутера.

Инаку, Бахамите, кои се состојат од 700 острови, се многу зависни од туризмот, а делови од земјата беа уништени од ураганот Доријан минатата година.

- Advertisement -

Апликантите мора да имаат над 18 години за да учествуваат ов програмата и мора да бидат слбоодни во периодот на април и мај 2020 година.

Потенцијалните учесници треба да зборуваат добро англиски јазик и да бидат од една од 34-те квалификувани држави. На 25 март Airbnb ќе ги објави кандидатите кои се избрани да учествуваат во проектот.

Извор – www.vrabotuvanje.mk

Сподели!
- Advertisement -