Oдливот на работна сила е голем проблем за странските инвеститори

- Advertisement -

Заминувањето на младите од државата и високите царински тарифи се двата најголеми проблеми кои ги посочи претседателот на Советот на странски инвеститори Штефан Петер. Тој ги повика директорите на фирмите, и странски и домашни, да не чекаат со донесувањето одлуки по изборите, туку веднаш да реагираат.

„Од Македонија се одливаат кадри, се иселува населението со тоа и работната сила. Ова единствено може да се реши доколку работиме со владата и со бизнис секторот. Македонија има проблем затоа што има неповолности со царините“, изјави Штефан Петер.

- Advertisement -

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска вети дека ќе се пронајде решение за да се донесе законска одлука за царинските тарифи.

„На состанокот има претставници од Царинската управа и до Министерството за финансии, важно е да се дискутира. Кога ќе се донесе законското решение тоа да биде во можност да се имплементира за сите засегнати страни и да може да биде во корист на сите засегнати страни. Јас сум сигурна дека во периодов ќе се најде решение“, посочи Мила Царовска.

- Advertisement -

Инаку за развој на индустриските компании во земјава потребно е усогласување на царинскиот тарифник со ЕУ. Според Индустриската комора при сојјузот на стопански комори, Македонија има неколку кратно повисоки царински стапки од ЕУ, со што за многу производи се плаќа непотребно повисока тарифа.

Според Евростат повеќе од 200 илјади луѓе од Балканот минатата година се иселиле во ЕУ. Од Македонија минатата година најмногу иселеници има во Германија 11 ијлади и 500.

Сподели!
- Advertisement -