Ако помисливте дека заработката на YouTube од огласи е импресивна, што ќе речете кога ќе дознаете дека Instagram на истиот начин заработил уште повеќе пари. Според Bloomberg, кој се повикува на неименувани извори, популарната апликација на Facebook за споделување фотографии и видеа минатата година од огласување заработила неверојатни 20 милијарди долари, што е речиси 5 милијарди долари повеќе од YouTube.
Гледајќи од перспективата на Facebook, тоа е една четвртина од вкупните приходи кои ги оствари најголемата социјална мрежа во светот. Покрај тоа, треба да се има предвид и дека YouTube ги дели своите приходи со креаторите на содржини и дека ориентацијата на видеа создава повеќе трошоци поради стримингот на видеата, што значи дека чистата заработка на Instagram уште поголема во однос на YouTube.
Од Facebook не сакаат да коментираат за тоа и уште во својот финансиски извештајцги немаат издвоено приходите на Instagram, така што оваа информација уште не е официјално потврдена.