Средношколец од Србија направи ракавица за помош на слепи луѓе

- Advertisement -

Луѓето со хендикеп често имаат причина за лутат поради односот на општеството кон нив. За да им помогне на слепите и слабовидните луѓе, средношколецот Ненад Крстиќ направи паметна ракавица. Оваа ракавица на себе има камера, а може да се поврзе и со мобилен телефон, па ако се насочи, на пример, кон некоја банкнота, ќе прочита за колку пари се работи, а на неа има и копче за паника.

Компанијата Anoris Technology ја доусоврши ракавицата и ја презентираше усовршената верзија вчера. Благодарение на паметната ракавица Anora слепите и слабовидните луѓе можат полесно да ги вршат секојдневните активности.

- Advertisement -

Досега паметната ракавија во Србија ја тестирале повеќе од 150 слепи и слабовидни луѓе, а како што велат од компанијата Anoris Technology, сите луѓе кои ја пробале ракавицата се задоволни и одушевени што содржи толку многу функции.

Конечната верзија на паметната ракавица Anora ќе биде претставена во април, а во Србија ќе чини 45.000 динари. Од комапнијата Anoris Technology велат дека целта им е што повеќе слепи и слабовидни луше да ја добијат оваа ракавица бесплатно со помош на локалните самоуправи, општествено одговорните компании и државните институции.

Сподели!
- Advertisement -