Huawei планира да произведува компоненти за 5G во Европската унија

- Advertisement -


Кинеската технолошка компанија Huawei ќе произведува компоненти за 5G технологија во Европската унија ов вредност од 1 милијарда евра годишно. Главниот претставник на Huawei во институциите на ЕУ Абрахан Лиу, изјави дека одлуката е резултат на глобалниот индустриски развој и долгорочната посветеност на Европа на индустријата.

- Advertisement -

Huawei одлучи да воспостави производствени бази за 5G технологија во Европа за 5G за Европа да биде направен во Европа, вели Лиу. Компанијата веќе има центри за снабдување во многу делови од светот, вклучувајќи ја Латинска Америка и Блискиот Исток, но фабриката за 5G во ЕУ ќе биде првата надвор од Кина.

„Зборуваме за производствен центар за 5G безжични производи. Не станува збор само за една линија производи. Тоа ќе биде комплетен производствен центар“ објаснуваат од Huawei.

- Advertisement -

Во тек се разговори на ниво на ЕУ и на ниво на земјите-членки, вели Лиу и додава дека станува збор за долгорочен договор затоа што компанијата верува дека е дел од европскиот економски систем.

„Со оглед на тоа дека Европа е еден од нашите стратешки пазари, имаме многу глобално битни стратешки купувачи во регионот. Веруваме дека поставување на производствена база за 5G во ЕУ ќе биде паметен потег и во нaредните 10-20 години ќе го поддржиме развојот на овој пазар во регионот“ заклучува Лиу.

Сподели!
- Advertisement -