Huawei ги претстави своите нови уреди

- Advertisement -

Светскиот мобилен конгрес беше откажан поради корона вирусот, па големите компании мора да најдат други начини за да ги претстават своите најнови уреди. Така направи и Huawei, а еве што претстави.

На настан кој се емитуваше во живо, Huawei ги претстави своите нови уреди. На настанот се обрати Ричрд Ју, претстедател на компанијата Huawei и ако што вели тој, акцентот кај производите на Huawei е ставен на подобрата примена на вештачката интелигенција.

- Advertisement -

Единствениот телефон меѓу уредите беше флексибилниот Huawei Mate Xs, наследник на моделот Mate X. Изгледа дека овој телефон ќе биде и повеќе од достојна конкуренција за моделот Z Flip на Samsung.

Huawei Mate Xs има екран од 6,6 инчи на предната страна, кога телефонот целозно ќе се отвори, а вкупната површина на екранот е 8 инчи. Овој телефон има процесор Kirin 990 5G и четири камери.Главната камера има 40 MP, а другите имаат 8MP, 16MP, како и камера со 3Д длабинско снимање. Оперативниот систем на телефонот е Android 10.

- Advertisement -

Цената на Huawei Mate Xs ќе изнесува 2.499€ (8GB/512GB). Huawei P40, пак, ќе биде претставен на 26 март. Покрај флескибилниот телефон, Huawei ги пушти и MatePad Pro 5G, Matebook, Huawei Wi-Fi AX3 и Huawei 5G CPE Pro 2,

Сподели!
- Advertisement -