Amazon забрани продажба на повеќе од милион производи кои наводно штитат или лечат од корона вирусот

- Advertisement -

Свој придонес во борбата против епидемијата на корона вирусот не даваат само докторите, туку и технолошките компании. Додека Facebook одлучи да ги забрани огласите кои лажно ветуваат излекување од вирусот, Amazon презеде уште поостри мерки. Тие забранија продажба на повеќе од милион производи за кои производителите тврделе дека можат да ја излечат заразата или да ја спречат.

Исто така, од својата интернет продавница отстранија и десетици илјади производи чии цени изминатите неколку дена пораснале и повеќе од десетина пати. Најчесто екстремно скапо се продавале маските за лице, марамчињата за дезинфекција и книгите за епидемии.

- Advertisement -

Како што објаснуваат за BBC, нема да толерираат неразумно подигнување на цените поради поголемата побарувачка, како ни продажба на производи кои ја нарушуваат довербата на потрошувачите. Додаваат и дека ќе продолжат да ги следат цените и да реагираат на какви било нечесни практики.

Сподели!
- Advertisement -