ЦЕФЕ Македонија и Ино Тех Клуб потпишаа Mеморандум за соработка

- Advertisement -

Иновативноста и претприемништвото се клучни за секој бизнис

ЦЕФЕ Македонија и Ино Тех Клуб потпишаа Mеморандум за соработка. Целта на документот е преку взаемна соработка двете организации да иницираат активности кои ќе поттикнуваат претприемнички иницијативи во земјава, како и интерeс за наука, технологија и иновации. 

Зголемување на свесноста за значењето на науката, технологијата и иновациите е целта која сака да ја постигне InnoTech Club, која е платформа поддржана од Владата на САД, преку Alumni Innovation Engagement. Основната мисија на InnoTech Club е презентирање пред младите на важноста на науката, технологијата и иновациите како клучни фактори за идниот економски раст и развој на земјата.

- Advertisement -

Целта на InnoTech Club е да ги инспирира младите, заради што во текот на следните месеци ќе организираме Inno Cafe настани, во Скопје, Тетово, Битола и Штип и други градови. На овие настани младите ќе се мотивираат и поврзуваат преку дружење и презентации на иновативни, научни и технолошки успешни проекти кои ги прават поединци или компании и институции во нашата земја. Сметаме дека е вистинско време за вакви активности особено ако се земе предвид фактот дека имаме негативен тренд на индустријализација. Учеството на индустријата во БДП падна од 32% во 1992 г. на 15% во 2016 г. што негативно се одразува врз целата економија“, вели Игор Јорданов, универзитетски професор и лидер на InnoTech Club платформата.

Јован Сталевски и проф. Игор Јорданов

Од друга страна се соочуваме со неколку клучни проблеми за тој економски раст, а еден од нив е ниското ниво на претприемачки вештини и култура кај населението.

- Advertisement -

ЦЕФЕ Македонија веќе активно работи на креирање на економии засновани на компетентност, преку проектот „Креирање на регионални центри за претприемништво во Источна Македонија“ поддржан од Амбасадата на САД во Македонија. Проектот има за цел да развива компетенции кај потенцијални и постоечки претприемачи кои ќе креираат нова вредност во нашата држава. Токму овој меморандум е доказ за заедничката мисија на двете организации, а преку него и полесно имплементирање на целите и активностите кои се од клучно значење за нашата економија и младите.

“Претприемачите иновираат. Тие ја согледуваат секоја промена како можност за различен бизнис или како различна услуга базирана на нешто иновативно. Земете ја како пример ситуацијата на изолираност заради корона вирусот во светот. Претприемчивите луѓе веднаш понудија нови услуги на пазарот. Пример: промотивни пакети од доставувачите на храна до дома, онлајн едукативни содржини, зголемена понуда на книги и серии за домашна забава, комични дизајни и слично.

- Advertisement -

Важноста на овој меморандум за нас е голема пред сè бидејќи со InnoTech Club начнавме нов почеток на заеднички активности со цел подигање на претприемачкиот дух и свесноста за иновациите кај младите” – изјави Јован Сталевски, претседател на ЦЕФЕ Македонија.

За сите заинтересирани за активностите ве покануваме да ги следите нашите веб страни и социјални медиуми и да се видиме на некоја од обуките за бизнис вештини во Источна Македонија http://bit.ly/2W4pcKx

Сподели!
- Advertisement -