17,9% од заразените со корона вирус не покажуваат никакви симптоми

- Advertisement -

Деновиве сите се прашуваат дали се носители на корона вирусот, дали дошле во контакт со некој кој веќе е заразен со вирусот, а не го знаaт тоа? Што доколку ја пренесат заразата на други, а не сте ни свесни за тоа? Forbes пренесува истражување токму за процентот на луѓе кои се заразиле со КОВИД 19 без да имаат никакви симптоми.

Познавањето на размерот или пропорциите на асимптоматиката, односно процентот на луѓе кои потенцијално го шират корона вирусот без покажување симптоми е прилично корисно во време на пандемија. Таквите податоци даваат вистинска слика за ширењето на вирусот и како подобро да се контролира и да се процени стапката на смртност.

- Advertisement -

Едно вакво истражување беше објавено во списанието Eurosurveillance, а го направи тим експерти од Универзитетот Кјото, Универзитетот Оксфорд и Државниот универзитет на Џорџија. Тие анализирале податоци за епидемијата со КОВИД 19 која го погоди бродот крстосувач Diamond Princess.

На бродот имало 3.711 патници и членови на екипаж. Бродот беше ставен во карантин на 5 февруари, откако некој човек што претходно патувал со бројот бил позитивен на корона вирусот. До 21 февруари 634 лица биле позитивни на КОВИД 19. Ког станале јавно достапни податоците за ова крстарење, истражувачкиот тим статистички ги моделирал.

- Advertisement -

Истражувачите морале да пополнат некои празнини во податоците. На пример, не биле сите присутни тестирани на корона вирусот. Затоа, проценуваат дека точноста на истражувањето е 95%. Според нивните резултати, 17,9% од заразените немале никакви симптоми. Овие резултати сугерираат дека во тој поглед КОВИД 19 може да биде сличен на вирусот на обичниот грип.

Во уште еден друг случај анализирани се податоци за 565 жители на Јапонија кои биле евакуирани од Вухан во Кина. Ова истражување покажало дека речиси една третина од заразените Јапонци немале никакви симптоми. Меѓутоа, Forbes потенцира дека истражувањето на бродот е доста поверодостојно. Без оглед на тоа, и двете истражувања посочуваат на тоа дека многу луѓе се шетаат надвор несвесни дека го носат вирусот во себе и дека потенцијално го пренесуваат на други. Тоа значи дека само затоа што се чувствувате добро, не значи дека треба да излезете надвор и да ја ширите заразата, нагласува Forbes.

Сподели!
- Advertisement -