Huawei развива дијагностички систем за болните од корона вирусот базиран на вештачка интелигенција

- Advertisement -

Во соработка со Универзитетот Хуангжу и компанијата Lanwon, Huawei разви и тестираше систем базиран на технологија за вештачка интелигенција кој брзо и прецизно ќе може да ги чита снимките од градниот кош на пациентите и да утврди дали се заразени со корона вирус или не.

При проценката на снимките се користи технологија за вештачка интелигенција и компјутерски вид, а во комбинација со клинички податоци и лабораториски резултати докторите можат да разликуваат рани, напредни и тешки стадиуми на КОВИД 19.

- Advertisement -

Оваа дијагностика е многу побрза од рачната, а воедно се намалува и бројот на контакти во здравствениот систем, а со тоа и можноста за зараза. Специјализираниот систем за анализа е направен врз база на платформата за анализа на снимки Huawei Cloud EIHealth. Во иднина Huawei Cloud ќе продолжи да го надградува системот помошник за дијзагноза на сите болести на белите дробови.

Сподели!
- Advertisement -