Британски научници истражуваат дали кучињата можат да ги намирисаат болните од корона вирус

- Advertisement -

Британска хуманитарна организација ги здружи силите со научници за да се утврди дали може осетливиот нос на кучињата да се искористи за откривање на болеста КОВИД 19.

Организацијата Medical Detection Dogs во соработка со Лондонската школа за јавно здравство и тропска медицина (LSHTM) и Универзитетот Дурхам на североисточниот дел од Англија сакаат да утврдат дали може кучињата да помогнат во дијагностицирањето на болеста.

- Advertisement -

Таа студија е продолжение на претходни истражувања на способноста на кучињата за намирисаат маларија и се базираат на претпоставката дека таа болест предизвикува специфичен мирис. Организацијата започна подготовки за обука на кучиња која треба да започне за отприлика два месеци.

Организацијата претходно обучувала кучиња да откријат болести како Паркинсонова болест или бактериски инфекции така што им давала примероци земени од пациентите. Меѓу другото, кучињата можат да откријат мали промени во температурата на кожата.

- Advertisement -

„Уверени сме дека кучињата можат да го намирисаат КОВИД 19. Сега истражуваме како можеме сигурно да го доловиме мирисот на вирусот кај пациентите и да ги изложиме кучињата на тој мирис. Целта е кучињата да го откријат секој, дури и асимптоматските случаи, и да ни покажат кого треба да тестираме“ вели Клер Гест, основач на Medical Detection Dogs.

Сподели!
- Advertisement -