Работата од дома ги прави луѓето полесни мети за хакерите. Еве како да се заштитите

- Advertisement -

Постојат едноставни чекори кои можете да ги преземете за да го ограничите ризикот од хакерски напади додека работите од дома во текот на пандемијата со корона вирусот. Работењето од дома може да се направи полесна мета за хакерите дури и во нормални времиња, а сега дефинитивно не е нормално време.

Милиони луѓе моментално својата работа ја вршат од дома и со тоа стануваат лесни мети за хакерите. Кога работите од дома не сте доволно заштитени како со корпоративниот софтвер кој ќе го скенира секој линк или датотека која ќе ја преземете. Покрај тоа, вниманието сега најмногу ни е насочено на опасноста од ширење на болеста.

- Advertisement -

Она што се случува сега не вознемирува сите и затоа сме ранливи на измама. Меѓутоа, постојат едноставни чекори кои можете да ги преземете за да го намалите ризикот. Еве што да направите за да работите побезбедно од дома.

Ажурирајте го софтверот

- Advertisement -

Бидејќи не сте во канцеларија, на вашата компанија и е потешко автоматски да го ажурира вашиот софтвер. Веројатно не сте свесни за тоа, но ажурирањето е една од најбитните работи кои можете да ги направите за да ги спречите хакерите. Ако го ажурирате софтверот, тоа е исто како да ги менувате бравите дома и на хакерите им е многу потешко да влезат.

Користете двостепена автентикација

- Advertisement -

Ако хакерите сепак успеат да влезат во вашиот систем, можеби ќе можат да ви ги украдат корисничките имиња и лозинките. Тоа звучи страшно, но можете да направите нешто за тие информации да бидат помалку корисни за хакерите. Станува збор за двостепена автентикација, односно внесување еднократен код или хардверски токен за да се пријавите во системот. Кога ќе ја овозможите таа опција, на хакерите не им е доволно да ви ги украдат лозинките за да се пријават на вашите профили на социјалните мрежи или да влезат во вашата банкарска сметка.

Внимавајте на фишинг

Исто како што мора да се пазите од измами и лажни информации за КОВИД љ9, треба да се пазите и од сомнителни пораки кои може да стигнат од хакери и измамници. Според податоците на Microsoft, 91% од хакерските напади во светот почнуваат со имејл порака која спаѓа во фишинг нападите. Во некои пораки ви ветуваат битни ифнромации за корона вирусот, но всушност содржат датотека која може да ви го арази компјутерот.

Зголемете ја својата лична безбедност

Луѓето кои користат компаниски компјутер за работа од дома сигурно користат корпоративен антивирусен софтвер и други безбедносни алатки. Ако имате пристап до корпоративен VPN, можете да го користите за пристап до мрежата на компанијата каде што работодавецот може подобро да ве заштити од хакери. Ова не можат да го направат сите компании зата што нема да бидат спремни целата работна сила да користи VPN одеднаш. Можете да користите и личен VPN, но тоа главно е мерка за да ја заштитите својата приватност бидејќи таа услуга не е наменета да ве зшатити од злонамерен софтвер и апликации.

Сподели!
- Advertisement -