Lamborghini го замени производството на автомобили со медицинска опрема

- Advertisement -

Италија и понатаму е европската земја која е најтешко погодена од корона вирусот. Досега во земјата со КОВИД 19 се заразени повеќе од 105.800 луѓе, додека повеќе од 12.400 починаа од последиците од вирусот.

Италијанскиот производител на луксузни автомобили Lamborghini дел од своите погони во фабриката Санта Агата во Болоња ги пренамени за производство на хируршки маски и заштитни маски од плексиглас. На тој начин сакаат да придонесат во борбата против епидемијата на корона вирусот во Италија.

- Advertisement -

Производството на медицинска опрема го стартуваа со помош на Универзитетот Болоња, а сиот произведен материјал ќе го достават во болницата Санта Орсола во Болоња. Lamborghini планира да произведува 1.000 хируршки маски и 200 заштитни маски од плексиглас дневно.

„Во текот на кризна ситуација како оваа чувствуваме потреба за конкретен придонес. Оваа битка ќе ја добиеме заедно и работејќи заедно и давајќи поддршка на оние кои секојдневно се во првата борбена линија против пандемијата“, изјави извршниот директор на Lamborghini, Стефано Доменикали.

Сподели!
- Advertisement -