Илон Маск испорачува бесплатни респиратори до болници ширум светот

- Advertisement -

Американската компанија за производство на електрични возила и чиста енергија Tesla, на чие чело е иноваторот Илон Маск, објави дека бесплатно ќе испорачува респиратори и потребна опрема до болниците ширум светот во екот на пандемијата на корона вирусот.

„Имаме респиратори кои ги одобри американската Агенција за храна и лекови. Ги доставуваме до болници ширум светот во регионите на испорака на Teslа. Уредите и доставата се бесплатни. Единствено што бараме е респираторите да почнат веднаш да се користат на пациенти на кои им се потребни, а не да се чуваат во складишта“, објави Маск на Twitter.

- Advertisement -

Маск ги повика заинтересираните да стапат во контакт со него директно или со Teslа. Тој минатата седмица изјави дека од Кина купиле повеќе од 1.200 респиратори и дека ги донеле во САД.

Сподели!
- Advertisement -