Аpple и Google ги здружија силите во борбата против корона вирусот

- Advertisement -

Apple и Google склучија необично искуство во овие моменти на криза. Имено, двата технолошки гиганти заедно развиваат технологија која би требало да ги предупреди луѓето доколку неодамна дошле во контакт со некој за кого подоцна се установило дека е позитивен на корона вирус.

Според информациите кои ги објавија компании, технологијата за следење на контактите ќе биде вградена во оперативните системи iOS и Android во два чекори. На средината на мај паметните телефони би требало да добијат можност за бесконтактна размена на анонимни информации преку апликацијата до одделни јавноздравствени институции. Ќе бидат објавени и упатства за институциите како да ја вградат таа можност во своите апликации.

- Advertisement -

За вториот чекор ќе помине малку повеќе време. Во текот на идните месеци таа технологија треба да биде вградена директно во оперативните системи за следењето на контактите да функционира без дополнителни апликации.

Идејата е уредите преку Bluetooth да разменуваат анонимни податоци кога се во близина двајца корисници. Тие податоци ќе се чуваат до 14 дена. Ако некој од корисниците е позитивен на корона вирус, тоа го пишува во апликацијата и потоа мора да даде одобрение за испраќање известување до сите кои биле во контакт со него. Примателите на известувањето нема да знаат кога биле во контакт со него ниту каде, само ќе знаат дека во последните 14 дена биле во контакт со некој кој сега е позитивен.

- Advertisement -

Од Apple и од Google истакнуваа дека корисниците ќе мора само да ја вклучат таа опција за да се избегнат проблеми со приватноста. Но, факт е дека повеќе од 3 милијарди луѓе во светот имаат некој телефон на Apple или Google, што овозможува огромен број на луѓе да се вклучат во тој систем.

Многумина се загрижени дека ова партнерство подразбира споделување осетливи информации на милијарди луѓе преку паметните телефони, кои постојано ќе ја кажуваат нивната локација. Од Apple и од Google уверуваат дека приватноста на граѓаните е загрантирана, дека системот нема да ја бележи нивната локација, ниту ќе ги известува другите корисници кога дошле во контакт со некого и каде.

Сподели!
- Advertisement -