Во мај првите астронаути ќе патуваат во вселената со леталото Crew Dragon на Илон Маск

- Advertisement -

Американската вселенска агенција НАСА и компанијата SpaceX одредија нов датум за лансирање на леталото Crew Dragon во кој ќе има астронаути. Crew Dragon е дизајнирано за да послужи за патување на астронаутите на Меѓународната вселенска станица, а оваа мисија ќе послужи како демонстрација. Двајца астронаути на НАСА со леталото ќе отпатуваат во орбитата и тоа ќе биде прво лансирање од американско тло на крајот на Space Shuttle програмата во која ќе учествуваат астронаути.

Лансирањето се планира веќе со години откако НАСА ги избра SpaceX и Boeing да развиваат ново летало со кое потоа астронаутите ќе патуваат на станицата во склоп на програмата Commercial Crew. SpaceX ја трансформираше свјата товарна капсула Dragon, која со години носи залихи до Меѓународната вселенска станица за сега да може да транспортира луѓе. После шест години развој и различни успешни тестови, капсулата конечно е подготвена за првиот тест лет со екипаж.

- Advertisement -

Летот е закажан за 27 мај, кога светот веројатно уште ќе се бори со пандемијата од корона вирусот. НАСА внимателно ја следи ситуацијата со пандемијата додека се подготвува за лансирањето. Клучниот персонал работи во центарот, додека останатите вработени работат од дома.

Без оглед на ситуацијата, овој лет ќе биде многу битен момент за НАСА и за SpaceX. Особено за SpaceX, кој по прв пат ќе направи лансирање со човечки екипаж. Исто така, мисијата ќе биде прв тест за Crew Dragon и ќе покаже дали е спремен за редовни летови до вселенската станица и назад.

Сподели!
- Advertisement -