Поради само еден „твит“ Илон Маск изгуби дури 14 милијарди долaри

- Advertisement -

Twitter се покажа прилично опасен за некои луѓе и за неодговорното однесување, односно некои објави на таа социјална мрежа за некои луѓе предизвикаа големи проблеми. Некои од нив се претседателтот на САД, Доналд Трамп и извршниот директор на Tesla, Илон Маск.

- Advertisement -

Основачот на Tesla и SpaceX претходно поради објава на Twitter заврши н суд и мораше да плати голема казна. Во петокот, пак, Маск напишал дека цената на акциите на компанијата е премногу висока. Тоа предизвика блага паника на берзата и на лрајот на денот пазарната вредност на компанијата падна за дури 14 милијарди долари. Големиот пад на цената влијаеше и на богатството на Маск, кое се намалило за 3 милијарди долари.

Поркрај тоа, Маск на огнот додаде масло со неговиот одговор на прашањето дали се шегува за цената на акциите и тој одговори со не. Маск на Twittеr напиша и дека има намера да продаде се што поседува и ќе ја нема ни сопствената куќа. Исто така, напиша и дека сега е вистинскиот момент на луѓето да им се врати слободата, нагласувајќи дека начинот на кој живееме сега нема врска со демократија и слобода.

- Advertisement -

Додека дел од луѓето на ова гледаат како на класично однесување на Наск, некои аналитичари сметаат дека ова е главоболка за инвеститорите.

Сподели!
- Advertisement -