Вештачка интелигенција ќе надгледува дали Французите носат маски во јавниот превоз

- Advertisement -

Иако со месеци чиставме спротивставени мислења за ефикасноста на заштитните маски, кои би можеле да го намалат ширењето на корона вирусот, носењето маски, особено во јавниот превоз се препорачува, а во некои земји е и задолжително. Една од земјите во кои маските во јавниот превоз ќе станат задолжителни е Франција, а колку луѓето ќе се придржуваат до препораките и навистина ги носат маските ќе надгледува вештачка интелигенција.

Тест-периодот за имплементација на вештачката интелигенција во надзорните камери веќе почна во делови од земјата, а наскоро почнува и тримесечниот период на тестирање и на главните станици од метрото во Париз Шатле – Лезај. Иако комбинацијата од надзорни камери и вештачка интелигенција која следи многу луѓе (во нормални услови низ тие станици поминуваат дури 33 милиони луѓе) на прв поглед изгледа како катастрофа за приватноста, од компанијата DatakaLab, која го разви зофтверот, уверуваат дека нема причини за страв и загриженост поради повред на приватноста.

- Advertisement -

Имено, камерите не можат да идентификуваат луѓе (со маски и без нив) затоа што нивната цел не е казнување на луѓето кои не носат маски, туку само собирање целосно анонимни податоци за бројот на луѓе кои носат маски. Носењето маски во јавниот превоз во Франција ќе биде задолжително почнувајќи од идната недела.

Сподели!
- Advertisement -