SpaceX идната недела ќе лансира ракета со човечки екипаж

- Advertisement -

Компанијата SpaceX на Илон Маск се подготвува за своето прво големо лансирање на ракета во орбитата со човечки екипаж, кое е закажано за идната недела. Мисјата се вика Demo-2, а ја финансира американската вселенска организација НАСА. Ракетата ќе превезува двајца патници – аастронаутите Бо Бенкен и Даг Харли.

Доколку мисијата се одвива според планот, овој тим од астронаути ќе полета кон орбитата во новата капсула на SpaceX наречена Crew Dragon во среда идната недела во 16:33 часот. Ако временските услови не бидат погодни, SpaceX ќе има нова шанса за мисијата Demo-2 на 30 мај во истото време.

- Advertisement -

Crew Dragon ќе полета од Вселенскиот центар „Џон Ф. Кенеди“ во Флорида и тоа од истото место од коешто полета Аполо 11 со тричлениот екипаж кон Месечината во 1969 година. Капсулата ќе ја превезува ракетата Falcon 9.

Пред лансирањето на ракетата SpaceX мораше да надмине повеќе предизвици врзани за безбедноста. Првата пресвртница за SpaceX била проверката на спремноста на летот и морале да се смислат сите начини за намалување на ризиците. Кога станува збор за летови со екипаж безбедносните прегледи стануваат уште помакотрпни. Сепак, SpaceX и официјално доби дозвола за својот вселенски лет.

- Advertisement -

Астронаутите Бенкен и Харли со леталото ќе бидат превезени до Меѓународната вселенска станица, каде што ќе поминат 110 дена со уште тројца астронаути кои веќе престојуваат на станицата.

Сподели!
- Advertisement -