Научници открија планета која личи на Земјата, а се наоѓа веднаш до сончевиот систем

- Advertisement -

Астрономите конечно го потврдија она што досега беа само шпекулации – дека постои планета надвор од нашиот сончев систем која би била погодна за живот. Благодарение на соработката на 91 европски научник и големиот телескоп на Европската јужна опсерваторија, успеаја прецизно да ја утврдат локацијата на ѕвездата Проксима Кентаури, на планетата Проксима Б, која се врти околу неа , но и да тргнат во потрага по други планети кои можеби се во близина.

Така откриле дека ѕвездата Проксима Кентаури не е ни приближно толку светла како нашето Сонце и емитува 1/600 од сончевата енергија.Покрај тоа, пленатата Проксима Б е многу поблиску до ѕвездата отколку што е Меркур до нашето Сонце, а орбитата трае 11 земјини денови. Но, и покрај тоа, температурата на површината на таа камена планета е слична на Земјата, па постои можност и за развој на живот.

- Advertisement -

Меѓутоа, поради близината на планетата до ѕвездата научниците се плашат дели силната енергија од ѕвездата целосно би уништила какви било траги од атмосфера на планетата. Тоа би оневозможиуло или барем би го отежнало развојот на живот каков што познаваме.

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -