Ново истражување покажа дека можно е корона вирусот да почнал да се шири уште во август лани

- Advertisement -

Кога се појави корона вирусот во Кина и во светот? Прво се споменуваше крајот на декември минатата година и почетокот на јануари, но потоа се појавија информации дека тоа би можело да биде уште порано, во ноември минатата година.

Научници од Медицинската школа на Харвард се обидоа да добијат одговор на тоа прашање со анализа на податоци од кинескиот пребарувач Baidu и користење на сателитски снимки, а резултатите кои ги добија се доста интересни, а за многумина и неочекувани. Нивното истражување уште не ги поминало рецензиите на други научници.

- Advertisement -

Имено, научниците проучувале сателитски снимки од паркинзи на болници почнувајќи од август минатата година и ги споредувале со снимки од една година претходно. На паркингот на најголемата болница во Вухан забележано е зголемување на бројот на автомобили за 67%, а во другите болници во Вухан е забележан пораст на сообраќајот и до 90%. Најголемиот дневен сообраќај е забележан од септември до октомври минатата година.

Иако само по себе тоа не е никаков доказ за ширењето на вирусот, особено е интересно дека во истиот период на кинескиот веб пребарувач е забележан голем пораст на пребарувања за поимите „дијареја“ и „кашлање“. Ова е како поврзување на точки од сложувалка, вели еден од авторите на студијата, Џон Браунстајн за CNN. Тој нагласува дека никогаш во историјата не е забележан толку голем пораст на пребарувањата за поими како „дијареја“, а токму големиот број луѓе кои се тестирани позитивни на вирусот САРС-КоВ-2 во Вухан ги имале тие симптоми.

- Advertisement -

Исто така, истиот тим научници минатата година анализирал зателитски снимки од паркинзи на болници во Латинска Америка и исто така откриле голем пораст на пополнетоста на капацитетите во текот на сезоната на грипот. Резултатите од ова истражување се доказ дека нешто навистина се случувало многу порано од официјалните податоци за ширењето на КОВИД-19. Тие упатуваат на тоа дека вирусот природно се појавил во јужниот дел на Кина и веќе наголемо бил проширен во времето додека ние читавме за неговото наводно појавување.

(Zimo, CNN)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -