Најевтиниот електричен автомобил во светот доаѓа од Кина и чини од 930 до 1.200 долари, а може да се нарача преку Alibabа. Ваков автомобил нарачал новинар од американскиот портал Jalopnik, Џејсон Торчински и го испробал. Според него, кинескиот автомобил Changli е целосно функционален и нуди нешто повеќе отколку што би очекувале со оглед на цената.
Цената од 930 долари е за автомобил без батерија, додека со батерија е до 1.200 долари. Со трошоците за транспорт и царина, вкупно е околу 3.000 долари. Автомобилот изгледа како сите други, само што е значително помал.
Имено, Changli е долг 2,5 метри и меѓуосовинското реастојание му е 1,48 метри, и има место за тројца патници. Тежи 323 кг, може да превезува максимум 300 кг, а работи со мотор од 1,1 коњска сила. Радиусот на движење му е од 40 до 100 км, додека времето на полнење е од 7 до 10 часа.
Максималната брзина на движење е 30 км на час, но американскиот новинар кој го купил забележал дека има проблеми со движење на угорнина, каде што се движи со брзина на пешак. Сепак, тој вели дека Changli е сосема пристојно возило за кратки релации, како што е движење низ град или возење од дома до продавница.
(Bizlife)
(фото: Alibaba)