Илон Маск сега го има првиот електричен автомобил во светот со досег од 650 километри

- Advertisement -

Моделот Long Range Plus на Teslа е првиот електричен автомобил во светот со официјално потврдена максимална автономија на движење од 650 килкометри. Тоа го потврди американската Агенција за заштита на околината.

Мodel S Long Range Plus својата голема автономија на движење ја должи на тоа што е полесен, поефикасен и што има поаеродинамични тркала отколку останатите модели на компанијата на Илон Маск. Tesla оваа верзија на Model S ја воведе во февруари 2020 година.

- Advertisement -

Сите модели S направени од февруари наваму имаат досег од 650 километри, напиша Илон Маск во својата објава на Twitter. Почетната цена на наведениот модел е 75.000 долари.

До неодамна агенцијата EPA и Tesla имаа различни мислења за досегот на Model S Long Range Plus затоа што агенцијата неодамна официјално потврди дека досегот на автомобилот е 630 км.

- Advertisement -

Маск тврди дека претходните тестирања на EPA не биле точни поради нивни пропусти, па максималниот досег на компанијата бил помал за 2% од посакуваните 400 милји, односно 650 км. Тогаш се појави пандемијата на корона вирусот, а сега со новите тестирања е потврдени дека наведениот модел навистина има досег од 650 км со едно полнење на батеријата.

(The Verge, Zimo)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -