Американската вселенска агенција НАСА објави инструкции за производство на ѓердан со помош на 3Д принтер кој ги спречува луѓето да си го допираат лицето. Многупати досега слушнавме дека допирањето на лицето го згoлемува ризикот од зараза со корона вирусот, но не е толку лесно да се победи рефлексната работа.
За да ги потсетат луѓето да не се допираат никаде на лицето, тројца инженери од лабораторијата на НАСА го дизајнирале Pulse, ѓердан со сензор за близина кој има вибрирачки мотор. Тој мотор се активира која ќе да приближи раката до главата. Колку што се поблиску прстите до главата, вибрациите стануваа интензивни.
“Целта е да ссе минимизира ширењeто на корона. Целта а Pulse е да се минимизира ширењето на корона вирусот, кој може да се пренесе и од нечисти кваки на очите, устата и носот“, велат од НАСА.
Сите заинтересирани може да ја преземат листата со сите потребни делови, CAD дизајнот за печатење со помош на 3Д принтер и упатствата. НАСА не го дизајнираше Pulse за да ги замени маските, туку да се користи во комбинација со останатите мерки на заштита од корона вирусот.
(Dnevnik.hr, JPL_
(JPL)