Индија и Кина почнаа со првите клинички тестирања на вакцини против корона вирус

- Advertisement -

Индискиот регулатор на пазарот за лекови го одобри барањето на компанијата Bharat Biotech за испитување на вакцината Covaxin, која е развиена заедно со Националниот институт за вирологија.

Во јули би требало да започне тестирањето на вакцината на луѓе ширум Индија. Вакцината е развиена и произведена во фабриката на Bharat Biotech во Хидерабаду. Индија, која има помалку заразени луѓе отколку САД, Бразил и Русија, вчера забележа речиси 20.000 нови заразени, покажуваат податоците на индиското Министерство за здравство.

- Advertisement -

Во Индија умреа повеќе од 16.000 заразени луѓе од појавата на првиот случај во февруари, што е малку во споредба со другите земји со сличен број на заразени. Меѓутоа, експертите стравуваат дека болниците во оваа густо населена земја нема да можат да го издржат наглиот пораст на бројот на случаи на корона вирус.

Уште нема одобрена вакцина против корона вирусот за комерцијална употреба, но десетици различни вакцини се тестираат ширум светот. Кинеската војска, пак, доби дозвола за тестирање на вакцината која ја разви нивната истражувачка единица и компанијата CanSino Biologics, која постои во склоп на медицинскиот оддел на војската, на воени доброволци откако клиничките истражувања докажаа дека вакцината е безбедна и ефикасна.

- Advertisement -

Ad5-nCoV е уште еден од осумте кандидати за вакцина за КОВИД-19 кои ги развија кинески компании, а истражувачите го одобрија преминувањето во фаза на клинички испитувања. Одобрени се и тестирања во Канада. Централниот кинески воен комитет на 25 јуни го одобри вакцинирањето на војници во период од една година, се вели во соопштението на компанијата CanSino.

Вакцината ја развиле заедно CanSino и пекиншкиот Институт за биотехнологија, кој делува при Академијата за воени медициснки науки. „Ad5-nCoV без одобрение од Одделот за логистичка поддршка не може да се користи пошироко“ велат од CanSinо.

- Advertisement -

Клиничките испистувања во фазата 1 и 2 покажаа дека оваа вакцина може да ја спречи појавата на болестите кои ги предизвикува корона вирусот, но не може да се гарантира комерцијалниот успех на вакцината, објавија од CanSino.

(Dnevnik.hr, Aljazeera)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -