Amazon претстави паметна количка за пазарување која ќе го смени начинот на кој купуваме

- Advertisement -

Како може да изгледа пазарувањето офлајн во иднина ни покажа Amazon со својот концепт продавници Amazon Go. При влезот во продавница потребно е да се регистрирате со свој профил во Amazon, да ги ставите продуктите кои сакате во корпата и да ја напуштите продавницата. Значи, без застанување на каса затоа што во тие продавници нема каси. Наместо каси продавниците се опремени со бројни сензори и камери кои следат што земаат купувачите и го ставаат на сметка, а наплатата следува откако ќе ја напуштат продавницата преку картичка поврзана со профил на Amazon.

Бидејќи опремувањето на продавниците со такви сензори, камери и останатиот хардвер е скапо, Amazon ќе тестира поевтина идеја во продавниците кои планираат да ги отворат во Лос Анџелес. Станува збор за паметни колички за пазарување наречени Dash Cart, кои се опремени со модерна технологија, вага и екран осетлив на допир. Принципот на додавање производи е сличен како и на брзите каси. Количките имаат скенер за бар-кодови. Производите се скенираат и се ставаат во количката, а тие што немаат бар-код прво се избираат во системот и преку вградената вага се мерат и се внесува цената.

- Advertisement -

Пред почетокот на шопингот треба да се пријавите со профилот отворен на Amazon преку QR код, а на крајот на шопингот нема запирање на каса, туку износот од шопингот се чита од сметката поврзана со Amazon.

Потоа паметната количка треба да се остави на предвиденото место, а сметката за купените производи ќе стигне на мејл. Покрај линијата за излегување на купувачите со паметни колички, ќе има и линии за плаќање на традиционален начин на каса. Имено, бидејќи просторот за ставање на производите во паметните колички е ограничен, луѓето коишто сакаат да купат повеќе производи ќе мора да користат класични колички и да плаќаат на традиционален начин. Отворањето на првите продавници на Amazon во кои ќе се користат паметни колички се очекува на крајот на годината.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr, The Verge)

(фото: Amazon)

Сподели!
- Advertisement -