Amazon ќе отвори 1.000 работни места во Ирска

- Advertisement -

Е-трговецот Amazon ќе отвори нови 1.000 работни места во Ирска во текот на наредните две години. Новите работни места ќе бидат отворени во Даблин и во Корк, со што целосната работна сила на Amazon во Ирска ќе се искачи на 5.000 вработени.

Од Amazon исто така велат дека инвестираат во нов кампус на Charlemont Square во центарот на Даблин со површина од околу 16.000 квадратни метри. Новиот кампус треба да биде отворен во 2022 година, а таму ќе биде сместена работната сила на услугата во облак на Amazon, Amazon Web Services.

- Advertisement -

Заменик премиерот на Ирска, Танаисте Лео Варадкар изјави дека оваа најава на Amazon им дава надеж за закрепнувањето на економијата на Ирска и за работната сила од економската криза предизвикана од КОВИД-19.

Од Amazon Web Services во Ирска велат дека компанијата инвестира и ја зголемува работната сила во Ирска во последните 15 години. Првиот од неколкуте проекти за фарми на ветар на Amazon во Ирска исто така ќе биде комплетиран во септември годинава. Фармата на ветар Еск во Каунти Корк ќе биде првиот оперативен проект за обновлива енергија на Amazon надвор од САД, а чистата енергија ќе биде вклучена во електричната мрежа.

- Advertisement -

Од компанијата велат дека фармите на ветар ќе им помогнат да ја остварат целта до 2025 година да работат целосно со обновлива енергија, а до 2040 година да имаат нула карбонски отпечаток.

(BBC)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -