Потврдено е – Microsoft ќе го преземе кинески TikTok до средината на септември

- Advertisement -

Иако уште минатата недела Трамп зборуваше за забрана на попуалрната апликација TikTok во САД, после разговорот со првиот човек на Microsoft го смени мислењето и на крајот TikTok сепак може да падне во рацете на Американците.

Компанијата која стои зад TikTok, кинеската компанија ByteDance, сега има рок од 45 дена за да постигне договор со Microsoft за преземање на делот на TikTok, кој се однесува на САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд.

- Advertisement -

Моментално не се познати деталите за вредноста на потенцијалната аквизиција, но сигурно станува збор за милијарди долари. После разговорот со извршниот директор на Microsoft, Сатја Надела, од компанијата ги повикаа и другите американски компании за соработка во купувањето на малцински делови од TikTok.

Кога Трамп почна да зборува за забрана на видеоапликацијата во САД, многу американски корисници беа загрижени затоа што би изгубиле пристап до својата омилена апликација, но преземањето од страна на Microsoft би го решило тој проблем.

- Advertisement -

Корисниците и понатаму би имале исто искуство со TikTok, додека Трамп би бил задоволен затоа што корисниците конечно би имале првокласна сигурност, приватност и дигитална заштита, велат од Microsoft и додаваат дека ќе се погрижат сите приватни податоци на американските корисници на TikTok да се пренесат на сервери во САД и да останат на нив.

Потоа ќе се погрижат да се избришат сите податоци кои се наоѓаат зачувани на сервери надвор од САД, иако портпаролот на TikTok за CNBC вели дека податоците за американските корисници се зачувани во САД.

- Advertisement -

Со потенцијалната аквизиција на TikTok, Microsoft преку ноќ би станал силен играч на пазарот за социјални мрежи во САД и конкурент на тој пазар на компании како Facebook, Twitter и Snapchat. Ако не се постигне договор меѓу Microsoft и ByteDance, Трамп ќе го забрани TikTok во САД.

(Dnevnik.hr)

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -