Менаџерите во Amazon договорија 10 локации во Велика Британија каде интернет-гигантот ќе отвори физички продавници Amazon Go, кои се препознатливи по својот концепт без каси.
Преговорите за 20 дополнителни продажни места уште се во тек. Amazon главно го интересираат локации во близина на транспортни станици, што соодевствува со идејата за продавници за брзо купување грицки или пијалаци.
Преговорите за отворање продавници без каси во Велика Британија почнаа уште во март. Купувачите ќе мораат да ја преземат соодветната апликација на своите телефони пред да влезат во продавницата, за да можат да купуваат. Апликацијата ги препознава производите и ги пресметува на излез. Притоа парите автоматски се наплатуваат од Amazon – сметката, а сумата потрошувачот ја гледа на својот мобилен телефон.
(instore.mk)
(фото: Flickr)