Американската компанија Google соопшти дека првите модели на телефони со поддршка за 5G мрежа, Pixel 4A и Pixel, ќе бидат достапни за продажба наесен по цена од 499 долари. Компанијата ја намали и цената за истите модели телефони кои немаат таква поддршка на 349 долари.
На пазарот меѓу најпродаваните се евтините модели на телефони на Google, но дури и тие не остваруваат профит како што имаат компаниите како Samsung и Apple.
Како и кај Apple, кој лансираше помал iPhone со пониска цена уште во април годинава, евтините модели на телефони на Google ги таргетираат консументите кои се најпогодени од економската криза предизвикана од пандемијата.
Поскапите уреди на гигантот привлекоа многу помало внимание од тие лидерите во индустријата поради ограничениот маркетинг и силната конкуренција.
Моделите со поддршка за 5G мрежа ќе бидат достапни во САД, Канада, Велика Британија, Ирска, Франција, Германија, Јапонија, Тајван и во Австралија.
(Klix.ba, ITNews)
(фото: Google)