Расте бројот на заболени од корона вирус во Европа – агенцијата за инфективни болести на ЕУ бара враќање на рестриктивните мерки

- Advertisement -

Европската агенција за инфективни болести ги повика европските држави повторно да воведат одредени мерки за да спречат реално повторно ширење на КОВИД-19. Во објавената ажурирана проценка на ризикот, Европскиот центар за превенција и контрола на болести истакна елементи кои потврдуваат дека се повеќе расте бројот на нови случаи на корона вирус.

Иако бројни земји сега тестираат пациенти со полесни облици на случаи, односно асимптоматски, што доведува до зголемување на бројот на регистрирани случаи, се забележува повторен порсст на бројто на заразени со повеќе земји, врзано за олабавувањето на мерките на социјално дистанцирање“ велат од агенцијата со седиште во Стокхолм.

- Advertisement -

Ризикот од порастот на бројот на случаи на КОВИД-19 е висо за тие земји и многу висок ако не успеат да воведат рестрикции или да ги засилат постојните, предупредуваат од агенцијата. Додаваат и дека државите кои ќе забележат пораст на бројот на случаи на заразени после ублажувањето на мерките треба да планираат повторно воведување на одредени мерки и да следат постапен и одржлив долгорочен пристап.

Иако порастот на бројот на нови случаи не е како што беше во пикот, сепак за две недели од пред 2 август најголем дел од 100.000 нови случаи се забележани во Шпанија, Романија, Франција, Велика Британија и во Германија.

- Advertisement -

(Beta, Bizlife)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -