Time ги избра највлијателните личности зa 2026 година

- Advertisement -

Американското списание Time објави листа со 100 највлијателни луѓе во светот за 2026 година, која вклучува личности од политиката, бизнисот, технологијата, уметноста и спортот. Листата традиционално е поделена во категориите „Пионери“, „Титани“, „Икони“, „Лидери“ и „Иноватори“.

Меѓу политичките имиња се глобални лидери како Доналд Трамп, Си Џинпинг и папата Лав XIV, но и бројни премиери и државници кои ги обликуваат современите меѓународни односи.

- Advertisement -

Во категоријата „Лидери“ на првите три места се папата Лав XIV, претседателката на Мексико Клаудија Шајнбаум и американскиот државен секретар Марко Рубио, но меѓу другите се и Доналд Трамп, Си Џинпинг и Бенџамин Нетанјаху.

Меѓу пионерите првите три позиции ги заземаат американската активистка за работнички права и феминистка Долорес Хуерта, американскиот пилот Рид Вајсман, кој ја предводеше мисијата Artemis II до Месечината и генералниот директор на Disney, Џош Дамаро.

- Advertisement -

Кај “Титаните” доминираат актерите Зои Салдана и Бен Стилер, како и нигерискиот бизнисмен Алико Данготе, но на листата се и имиња како Ралф Лорен и Сундар Пичаи.

Технолошките и бизнис лидери од компании како што се Nvidia, Google и Dell исто така се силно застапени, додека во категоријата „Иноватори“ се издвојуваат американската комичарка и актерка Ники Глејсер, американската хокејарка Хилари Најт и познатиот индиско-американски готвач Викас Кана, а меѓу попознатите имиња на листата се основачите на Anthropic, Дарио и Даниела Амодеи, како и возачот на Формула 1, Ландо Норис.

- Advertisement -

Во категоријата “Икони” на прво место е бразилскиот актер Вагнер Мора, а после него се американската актерка Кејт Хадсон и американската шампионка во уметничко лизгање Алиса Лиу.

На листата се наоѓаат и многу познати имиња од светот на филмот и музиката – од Џејмс Камерон и Дакота Џонсон до Викторија Бекам, додека јутјуберот Mr Beast е наведен меѓу „Пионерите“.

Според списанието, листата претставува пресек на луѓе кои ги обликуваат глобалните текови на моќ, култура и иновации денес – со јасна порака дека влијанието доаѓа од различни области и нема граници.

(Time/Bizlife)

- Advertisement -