ВИДЕО: Ова е првиот проѕирен телевизор во светот

- Advertisement -

Xiaomi деновиве слави 10 години постоење, па по тој повод претставија неколку славенички уреди. Најголемо внимание привлече првиот комерцијално достапен проѕирен телевизор во светот – Mi TV LUX Transparent Edition.

Овој телевизор е сон на секој љубител на добриот и чист дизајн, но и на љубителите на научна фантастика затоа што изгледа како нешто од научно-фантастичен филм. Екранот речиси нема рабови, целосно е провиден кога е исклучен, а со вклучувањето станува непроѕирен и прикажува слика која изгледа како да виси во воздух.

- Advertisement -

Наместо позадински панел за осветлување, овој телевизор целиот свој погонски склоп го има во компактниот држач, што значи дека ОЛЕД екранот може да биде самостоен, проѕирен и издвоен од остатокот од електрониката потребна за да работи.

Освен проѕирниот ОЛЕД панел, Xiaomi во своите погони произведува и управувачки склоп OLED Basic Module, па така оваа компанија може самостојно да го склопува својот прв проѕирен телевизор и тоа во сериско производство.

- Advertisement -

Телевизорот има дијагонала од 55 инчи, контраст 150.000:1. Mi TV LUX Transparent Edition ќе биде пуштен во продажба на 16 август, исклучиво во Кина, каде што ќе чини околу 6.000 евра.

(Bizlife, Xiaomi)

- Advertisement -

(фото: Xiaomi)

Сподели!
- Advertisement -