Instagram на корисниците ќе им бара лични документи за да го потврдат идентитетот

- Advertisement -

Oд Instagram на официјалниот блог објавија дека од некои од кориснциите може да побараат да им испратат лични документи за да го потврдат идентитетот. Причината за таквиот потег, напоменуваат од компанијата, е тоа што сакаат да ја заштитат заедницата на Instagram од непримерното однесување и лажните објави. Исто така, сакаат да бидат сигурни дека содржинтие ги објавуваат нивни корисници, а не ботови или профили направени со цел ширење на некакви лажни информации.

Така, уште од денес може да побараат потврда на идентитетот на некој од чиј профил се препознае потенцијално неавтентично, односно нетипично однесување. Има повеќе начини на кои корисниците можат да го потврдат идентитетот – од лична карта, пасош или возачка дозвола до други документи, а информациите за тоа може да се најдат на страниците на Instagram. Исто така, корисниците некогаш ќе мора да направат и selfie за да докажат дека документите кои ги испратиле се нивни.

- Advertisement -

После верификацијата на идентитетот потенцијално сомнителните корисници ќе можат да продолжат да ја користат социјалната мрежа како и претходно, освен ако е потребно понатамошно истражување на профилот. Од Instagram не објавија детали во какви случаи би продолжиле со понатамошна истрага. Личните документи би се складирале на сигурно и би се избришале 30 дена по завршувањето на процесот на проверка.

Од Business Insider предупредуваат на проблеми со приватноста кои особено се однесуваат на лица кои водат профили кои не се поврзани со нивното име.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -