SpaceX собра 1,9 милијарди долари иинвестиција во последната рунда. Компанијата за Bloomberg претходно изјави дека се во процес на барање инвеститори. Со најновата рунда инвестиции вкупната вредност на SpaceX се искачи на 46 милијарди долари.
Новата инвестициска рунда не е изненадување за приватната компанија SpaceX. Илон Маск, кој е основач на компанијата, на почетокот на годината откри дека бара инвестиции, а минатата недела Bloomberg пренесе дека поради силен интерес на инвеститорите тој морал да ја зголеми сумата која ја бара.
Новата инвестициска рунда, наводно, била бурна, со многу заинтересирани, но се уште нема конкретни информации кој учествувал во неа. Со оглед на неодамнешните успеси на компанијата, SpaceX можеби е уште подобро позиционирана од претходно за да бара уште поголеми ресурси од инвеститорите.
Имено, компанијата ја реализираше првата приватна човечка мисија која полета од американско тло. Мисијата, наречена, Demo-2, стартуваше од Флорида во мај, а се врати на Земјата на почетокот на август. Успешната мисија значи дека SpaceX сега редовно може да врши транспорт од и до Меѓународната вселенска станица.
SpaceX исто така постигна успех со развојот на својот вселенски брод Starlink, кој имаше успешен тест овој месец и склучи неколкугодишен договор со НАСА и со владата на САД за услуги на лансирање.
(TechCrunch)
(фото: WallpaperFlare)