Apple побара од доставувачите да направат најмалку 75 милиони 5G iPhone телефони за подоцна годинава, како и нови модели на Apple Watch, нов iPad Air и помал модел на HomePod.
Компанијата очекува во 2020 година да бидат испорачани 80 милиони парчиња iPhone. Apple сака идниот месец да лансира четири нови модели iPhone со 5G поддршка, различен дизајн и поширок избор на големини на екран. Притоа, се очекува поевтините телефони побрзо да бидат доставени отколку Pro уредите.
Apple, наводно, подготвува и нов iPad Air со екран од раб, две нови верзии на Apple Watch инпрвите слушалки кои се носат над уво, а не се дел од брендот Beats. Гигантот истот така развива нов Apple TV box со побрз процесот за подобрено играње и помодерни контроли, иако можеби нема да биде доставен до почетокот на идната година.
(Reuters)
(фото: Pixabay)