За да може да се следи ширењето на заразата Apple и Google во мај активираа нови API кои разменуваат клучеви меѓу мобилните телефони кои ќе се најдат во близина еден на друг. Таквите клучеви ги собираат апликации за следење на контакти и имаат за цел да ги известуваат луѓето во случај во критично време да биле во контакт со личност заразена со корона вирусот.
Сега Google и Apple веќе работат на новата фаза на имплементација на ова решение, со кое повеќе нема да биде потребно да се преземе мобилна апликација, каква што веќе има во повеќе земји за да се извести за потенцијално заразни контакти кои се појавуваат на екранот на телефон, пренесува BBC.
iOS и Android наскоро треба да ја добијат таа функционалност имплементирана на ниво на оперативниот систем. Сите корисници на ажурирани Android и iOS на најновите верзии наскоро ќе можат да вклучат следење на контакти, а потоа да добијат известување доколку системот забележи дека биле во близок контакт со личност која во меѓувреме добила позитивен тест на КОВИД-19.
Тоа би требало да помогне во следењето на заразата и да придонесе за јавното здравство. Надградбите се очекуваат во текот на наредните две седмици. Специјализираните мобилни апликации за следење на ширењето на заразата и понатаму ќе бидат потребни. Заразените личности и понатаму со посебен идентификатор добиен при тестирањето ќе може да внесат податоци за тоа дали добиле позитивен наод за во системот да се означат како заразени и на сите нивни неодамнешни контакти да им се испрати известување за тоа.
(Klix.ba)
(фото: Pixabay)