Netflix сега нуди бесплатни содржини

- Advertisement -

Netflix сега на глобално ниво нуди дел од своите содржини за без пари. Овој потег е дел од маркетиншките обиди на гигантот да привлече повеќе претплатници на содржините во третиот квартал од 2020 година и да скрати на трошоци за реклами.

Секое од бесплатните видеа на почеток има реклама од 30 секунди која може да се прескокне, а од која можете да ги дознаете другите содржини од каталогот на Netflix, но битно е да се потенцира дека платформата досега се држи до своето ветување за содржини без реклами за своите претплатници.

- Advertisement -

Netflix забележа голем пораст на корисниците во вториот квартал од годинава поради карантинот и се обидува да го продолжи тој тренд. Компанијата додаде 10,1 милиони корисници во светот, а лани во текот на целата година имаше пораст од 27,3%. Според проценките од февруари, Netflix ќе има 158,9 милиони гледачи во САД до крајот на годината.

Netflix во вториот квартал од годинава истакна дека во третиот квартал ќе има помалку нови претплатници на нивните содржини, па овој потег е сосема логичен обид да се спречи падот на таа бројка. Бесплатните содржини се достапни за сите кои користат веб пребарувач. Што се однесува на мобилните уреди, корисниците ќе имаат пристап до содржините, но корисниците на iOS нема да имаат пристап.

- Advertisement -

Netflix сака значително да заштеди на маркетинг, па овој потег е евтина реклама. Во минатиот квартал компанијата веќе имаше значително кратење на буџетот за маркетинг од 28%.

(Business Insider)

- Advertisement -

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -