Се шират шпекулации – Rimac Automobili го преземаат Bugatti

- Advertisement -

Речиси неверојатно звучи веста која ја објави сајтот Car Magazine, според кои хрватската компанија на Rimac Automobili на младиот Мате Римац е на чекор до преземање на познатиот бренд за луксузни автомобили Bugatti. Како што пишува Car Magazine, групацијата Volkswagen би го префрлила Bugatti на Римац преку Porschea, a за возврат би добила удел во компанијата на Риимац. Целиот договор, наводно, бил одобрен уште минатата недела, а сега се чека потврда од надзорниот одбор.

Ако се реазлириа целиот договор, тоа за Римац значи подобра позиција во автоиндустријата, но и прилика во идните Bugatti автомобили да воведе некои напредни технологии од своите автомобили. Имено, Rimac Automobili би го добиле бреднот на Bugatti и поврзаната инфраструктура, а тоа на Мате Римац би му ги отворило вратите за поголемо производство на електрични возила и технологија поврзана со нив.

- Advertisement -

Како што пишува Car Magazin, во целата приказна е вклучен и Porsche за да се задрши поддршката на живите членови на семејството Пиех, кои поседуваат 50% од групацијата VW. Се проценува дека Bugatti во моментот вреди околу 500 милиони евра, а договорот би ги отворил и вратите на Porsche за зголемување на уделот во Rimac Automobili од 10% на повеќе. Колку би се зголемил тој удел зависи од тоа на што ќе се договорат двете страни и како ќе се одрази тоа на уделот на самиот Римац во компанијата.

Од Rimac Automobili засега изјавиле дека не можат да ги коментираат шпекулациите.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -