Американскиот претседател Доналд Трамп го одобри договорот кој ќе овозможи апликацијата за размена на видеа TikTok, во сопственост на кинеската компанија ByteDance, да продолжи да се користи во САД. Трамп изјави дека дава благослов за партнерство на TikTok и американските компании Oracle и Wallmart.
„Дадов благослов за договорот. Го одобрувам концептот“ изјави Трамп на излегување од Белата куќа во пресрет на предизборниот собир во Северна Каролина.
Тој изјави дека со тој договор ќе се осигура безбедноста на податоците на околу 100 милиони Американци кои ја користат апликацијата. За новинарите тој истакна дека безбедноста на податоците со тој договор ќе биде стопроцентна.
Од САД претходно неделава најавија забрана за TikTok и WeChat затоа што, според Трамп, тие апликации се закана за националната безбедност и миоже да бидат употребени за пренесување податоци во Кина. Забраната требаше да стапи на сила од денес.
Кинеската компанија ByteDance, која е сопственик на Tiktok, ги негираше обвинувањата дека ги контролираат или ги рзменуваат податоците со кинеската владејаќка комунистичка партија. Меѓутоа, договорот со TikTok нема да влијае на забраната на апликацијата за размена на пораки и плаќање WeChat, која од вечерва нема да биде достапна во американските продавници за апликации.
TikTok и ByteDance до поздравија одобрението на Трамп на договорот, кој сега треба да го потпише и кинеската влада. Од TikTok изјавија дека договорот ќе осигура дека се целосно исполнети американсите барања за национална безбедност, додека од ByteDance соопштија дека работат на постигнување договор кој е во согласност со американските и кинеските закони што е можно порано.
(N1)
(фото: Pikist)