Amazon направи мал дрон за користење во домашни услови

- Advertisement -

Amazon направи дрон со толку мали димензии и камера што може да се користи дома, првенствено како алармен систем кој се активира во случај на провалување. Доколку се случи провалување, дронот почнува да лета. Поврзан е со мобилен телефон на кој се емитува снимка, така што може да се види кој е провалникот.

Од Amazon тврдат дека камерната на дронот се вклучува кога дронот почнува да лета, а дотогаш е исклучена. Потенцираат и дека дронот може да се движи по однапред утврдена патека или може да се контролира во даден момент. Дронот ќе чини 250 долари и засега ќе се продава само во САД.

- Advertisement -

Одделни организации предупредуваат на можни негативни последици од користењето на ваков уред. Имено, тие сметаат дека уредот може да ја наруши приватноста на луѓето и дека овозможува контрола над луѓето.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Pikrepo)

Сподели!
- Advertisement -