10 C
Skopje
понеделник, октомври 26, 2020

Водечки германски епидемиолог тврди дека епидемијата сега вистински почнува – ова е природна катастрофа

Kabtel desktop


На некои јавни површини во Минхен задолжително е носење заштитини маски, а станува збор за популарните места за собирање во главниот град на Баварија. Кристијан Дростен, водечки германски епидемиолог, во својот говор на Светскиот здравствен собир во Берлин предупреди дека е прерано да се зборува за германскиот успех во корона кризата.

„За да ја надвладееме ситуацијата, во текот на наредните месеци мора да промениме некои работи. Пандемијата дури сега вистински почнува. Дури и во Германија“ изјави Дростен и дополнително нагласи дека корона вирусот не е научен феномен, туку природна катастрофа.

Минхен од завчера значително ги заостри мерките против корона вирусот. Во угостителски објекти и во јавните простори дозволено е собирање од пет луѓе или членови на две домаќинства. Приватните прослави во затворено смеат да имаат до 25 гости, а до 50 на отворено.

На некои јавни површини во Минхен исто така е задолжително и носење на заштитни маски, а станува збор за популарните места во главниот град на Баварија како Мариенплац, улицата Сендлинген и слични локации. Построгите мерки треба да траат седум дена.

(Poslovni.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •