Поради документарецот „Social Dilemma“ се бришат профили на Facebook и на Instagram

- Advertisement -

Еден од документарците кој во последно време дигна многу прашина е „Social Dilemma”. Беше објавен минатиот месец на Netflix, а во него бивши вработени во технолошките компании кои учествувале во развојот на социјалните мрежи отворено и доста критички зборуваат за опасностите кои тие мрежи ги претставуваат за сите луѓе, а особено за младите.

Иако тоа не е нешто ново, во „Social Dilemmа” е прикажан начинот на кој Facebook се обидува постојано да го задржи вниманието на корисниците и да ги бомбардира со содржини кои се интересни за нив само за да поминат повеќе време на таа мрежа. Повеќе време на Facebook значи и поголема изложеност на реклами, а тоа на крај значи поголема заработка на компанијата. Исто така, на интересен начин е прикажан и алгоритмот на Facebook, кој на корисниците постојано им прикажува информации и написи кои ги интересираат, па затоа се создава зависност.

- Advertisement -

Еден од заклучоците кои ни ги даваат луѓето кои го создавале Facebook се алгоритмите наменети за задржување на внимаието на корисниците и ги тераат постојано да листаат на екранот за нови создржини.

Откако документарецот беше објавен, дел од корисниците дури почнаа да ги бришат профилите на Facebook и на Instagram, а од компанијата на Цукерберг постојано молчеа. Се до оваа недела. Сега на своите страници објавија документ во кој објаснуваат во што погрешиле креаторите на „Social Dilemmа”. Тие сметаат дека документарецот нуди искривен поглед на тоа како работат социјалните мрежи, со што ги претвораат во еден вид на жртвени јагниња за тешките и сложените социјални проблеми. Како што велат, алгоритмот што го користат не е поинаков од алгоритмите на Uber, Amazon, како и на Netflix.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

Сподели!
- Advertisement -