Oрeo изгради бункер за да ги заштити колачињата од крајот на светот

- Advertisement -

Познатиот бренд за колачиња Oreo изгради мал бункер на арктичкиот архипелаг Свалбард (територија на Норвешка), со цел заштита на своите колачиња од „крајот на светот“.

Бункерот е изграден во пресрет на најавеното поминување на астероид покрај Земјата на 2 ноември 2020, а идејата дошла откако тимот на Oreo прочитале коментар од корисник на социјалните мрежи кој прашал што би направила компанијата за да ги заштити вкусните колачиња доколку дојде до удар на астероид.

- Advertisement -

Бункерот е изграден во близина на глобалниот трезор на семиња (Svalbard Global Seed Vault), кој норвешката влада и повеќе светски организации го користат за складирање на растителни семиња во случај на глобална криза.

Пакувањата со Oreo колачиња складирани во бункерот биле дополнително обвиткани и со BoPET фолија, која ќе ги заштитува од екстремно ниски и високи температури и контаминација од хемиски реакции, влага и воздух.

- Advertisement -

Marketing365.mk

Сподели!
- Advertisement -