Samsung со своите флексибилни телефони покажа во кој правец мож да се движи развојот на паметните телефони во иднина. Со Galaxy Fold, Z Flip и Z Fold 2 покажаа дека Samsung ги слуша своите корисници, но и дека има уште простор за подобрување.
Токму тоа подобрување може наскоро да ја види светлината на денот. Според информациите до кои дојде екипата од LetsGoDigital, Samsung размислува за целосно нов облик на флексибилен телефон. Новиот флексибилен телефон ќе има екран кој ќе се превиткува на три дела, а посебен додаток би била тастатурата која ќе го олесни работењето на тлефонот. Можно е името на телефонот да биде Samsung Galaxy Z Fold 3.
Според податоците кои ги предаде Samsung до корејската Канцеларија за интелектуална сопственост, станува збор за уред кој ќе се прревиткува на две места. Тастатурата на извлекување ќе се сокрива во еден дел од екранот и ќе може да се извлече по потреба. Дел од екранот секогаш ќе биде достапен за корисникот, а ќе може да се користи во различни положби како „шатор“, таблет или евен вид на лаптоп.
Иако нема никакви технички податоци, изгледа дека Samsung го има замислено целиот уред да се склопува до телефон кој нема да биде поголем од актуелниот Z Fold 2. Точно што ќе се соркива под оваа оригами површина не можеме да нагаѓаме затоа што засега не е познато кога таквиот уред би се нашол на пазарот.
(Dnevnik.hr, LetsGoDigital)
(фото: LetsGoDigital)