Илон Маск во Австралија гради батерија со колосални пропорции

- Advertisement -

После Јужна Австралија, уште една австралиска сојузна држава, Викторија, сака да изгради огромна батерија која би придонела за премин на одржливи извори, складирање и дистрибуција на електрична енергија. Во партнерство со компанијата Tesla ќе ја изградат батеријата со колосални димензии и моќност од 300 мегавати, односно складирање на 450 мегават-часови.

Таа батерија кога ќе се изгради треба да биде трипати поголема од 100-мегаватната батерија која Tesla ја направи во Јужна Австралија . Се очекува дека изградбата нема да почне пред идното лето, а се наоѓа покрај местото Геелонг, кое се наоѓа 70 км јужно од Мелбурн. Тоа место е избрано за изградба затоа што е поврзано со парковите на ветар на јужниот брег на Австралија и со големите соларни фарми на северот на Викторија, како и со националната електрична мрежа.

- Advertisement -

Софтверот на Teslа ќе овозможи во секој момент да се процени каде може најдобро и најмногу да се искористи складираната електрична енергија. Најголемата австралиска соларна фарма е во сопственост на француската компанија Neoen, а таа компанија води и други проекти во Австралија, па тие ќе ја платат инсталацијата на батеријата на Teslа. Потрошувачите на електрична енергија во сојузната држава Викторија преку сметките за електрична енергија ќе плаќаат надомест, но истражувањата покажаа дека сметките ќе им бида всушност пониски, а не поскапи.

Од видеото во прилог можете да видите како ќе изгледа батеријата во Викторија.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -