Вакцината на Pfizer нуди 90% заштита од корона вирусот

- Advertisement -

Првата ефективна вакцина против корона вирусот може да спречи повеќе од 90% од луѓето да се заразат со КОВИД-19, покажа прелиминарната анализа. Компаниите Pfizer и BioNTech, кои ја развиваат вакцината, со радост ја примија таа вест. Нивната вкацина досега беше тестирана на 43.500 луѓе во шест земји и досега нема никакви причини за загриженост поради безбедноста на вакцината.

Компаниите планираат да аплицираат за итно одобрување на вакцината до крајот на овој месец. Досега ниедна вакцина не се покажа дека е високо ефективна за толку краток период и претстојат уште предизвици, но некои научници се оптимисти дека се ќе се врати во нормала до напролет.

- Advertisement -

„Веројатно сум првиот човек што ќе го рече ова, но ова го кажувам со самодоверба – животот ќе се врати во нормала од напролет’ тврди сер Џон Бел, професор по медицина на Универзитетот Оксфорд.

Податоците покажуваат дека се потребни две дози од вакцината. Тестирањата во САД, Германија, Бразил, Аргентина, Јужна Африка и Турција покажаа дека седум дена после втората доза има 90% заштита. Сепак, податоците не се финални и се базираат на првите 94 доброволци, па затоа мора да се почека да се направи финална анализа на сите резултати за да се потврди ефективноста.

- Advertisement -

Pfizer и BioNTech велат дека можат да снабдат 50 милиони дози до крајот на годинава и околу 1,3 милијарди до крајот на 2021 година.

(BBC)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -