Професор д-р Димитринка Јорданова Пешевска: Неколку причини зошто да го изберете УАКС

- Advertisement -

Интервјуто со проф. д-р Димитринка Јорданова Пешевска, шеф на Катедрата по Психологија при УАКС, единствената со целосни студиски програми на англиски јазик во земјата за додипломски и постдипломски студии. Мастер #наАмерикан

Кои се најважните причини да се запише некој на УАКС? 

- Advertisement -
  • 78% од студентите на УАКС се вработени по завршувањето на студиите.
  • Создаваме професионалци кои се способни да се справат со современите предизвици во различните области на психологијата, особено оние поврзани со здравството, образованието и бизнисот.
  • Овозможуваме образование кое им нуди можност на студентите по психологија пристап до најновите истражувања и технологии.  
  • Поттикнуваме развој на креативност и формирање на критичко и независно размислување кај студентите преку интерактивниот пристап во едукацијата.
  • УАКС им овозможува на студентите по психологија пристап до најдобрите образовни практики од европскиот и американскиот образовен систем.
  • Студентите по психологија се вклучени во бројни меѓународни проекти и активности, во соработка со значајни универзитети од Европа и светот и меѓународни организации.

Какви програми, акредитации, предности и особености нуди Вашиот Факултет? 

  • Нудиме курсеви и академски програми кои се внимателно дизајнирани за да им овозможат на студентите да се стекнат со знаења и вештини за некои од најважните прашања на модерната психологија.
  • Нашите студенти по психологија имаат имаат можност да учествуваат на Еразмус + европската програма за мобилност и да поминат семестар на студии на некој од нашите партнерски универзитети во Европа.
  • УАКС нуди академски содржини кои претставуваат исклучителна комбинација на теоретски и практични знаења, како и пристап до знаења засновани на докази.
  • Студентите по психологија имаат можност да бидат дел од креативната академска средина која претставува комбинација од врвни професори, водечки експерти во различни области на психологијата и визитинг професори од повеќе престижни универзитети од Европа и светот.

Што значи магистрирањето на УАКС и што можат понатаму студентите, со стекнатата диплома и знаење? 

  • УАКС е единствениот меѓународно акредитиран универзитет во Република Северна Македонија. 
  • Студентите по психологија стекнуваат знаења и усвојуват интелектуални и професионални вештини кои им овозможуваат компетентност на пазарот на трудот и можност за вработување  во здравствени, образовни, социјални установи и бизнис компании.
  • Универзитетот гради доживотни вештини за иницијатива, лидерство и критичко мислење кај студентите по психологија, со што овозможува полесен пристап до посакуваните работни места.
  • Студентите по психологија ги создаваат првите професионални контакти на универзитетот преку Деловниот совет на УАКС во најзначајните институции и компании и имаат можност да ја остварат својата кариера во национални установи и во меѓународни организации и компании.
  • Студентите на УАКС по психологија стекнуваат професионални квалификации и  со успех продолжуваат на постдипломски и докторски студии на престижни универзитети во странство.   
Сподели!
- Advertisement -