Италија oддели 10 милијарди долари на компаниите погодени од вториот бран од пандемијата

- Advertisement -

Италијанската влада одобри пакет мерки вреден 10 милијарди евра за помош на компаниите погодени од вториот бран на пандемијата на корона вирусот, пишува Reuters. Според мерките кои се усвоени во петокот навечер, Рим веднаш ќе понуди неповратно 1,95 милијарди евра за компаниите и помош за храна за сиромашните.
Дополнителни 8 милијарди евра владата подготвува за веќе постојните програми за помош.

Поради затворањето на земјата со цел сузбивање на епидемијата Италија годинава очекува пад на економијата од најмалку 9%. Од италијанското Mинистерство за финансии додаваат дека новите мерки не би требало да го донесат годинашниот буџетски дефицит над моменталните 10,8% од БДП.

- Advertisement -

Италијанската влада планира на почетокот на идната година да потроши дополнителни 20 милијарди евра за помош на економијата. Според податоците на Министерството за здравство, Италија во петокот имаше 37.242 нови случаи на заразени од КОВИД-19 и 699 смртни случаи.

(Tportal.hr)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -